Благодарение на оваа година многу работи почнав да ги гледам на поинаков начин: Новогодишно интервју со Давор Ардиќ

Благодарение на оваа година многу работи почнав да ги гледам на поинаков начин: Новогодишно интервју со Давор Ардиќ

Објавена во: Stars // Интервјуа

Новата година заедно со новите предизвици веќе ни чука на врата. Оваа што за неколку дена ќе остане зад нас на сите ни зададе еден огромен удар, но и ни дозволиме да ги спознаеме вистинските вредности.

За тоа како му помина 2020, но и што си посакува во следната, разговаравме со Давор Арџик, момчето кое на сите ви е добро познато од ТикТок. Скромен, искрен, но и реален, овој ТикТокер ни откри по што ќе ја памети оваа година:

„Па да бидам искрен, оваа година за мене беше една прекрасна година, полна со предизвици и нови авантури во мојот живот и покрај пандемијата. Во оваа година навистина загубив доста работи коишто ми значеа, но исто така и добив многу работи коишто ги сакав. Запознав  многу нови пријатели и стекнав многу нови искуства. Сметам дека годинава ме промени доста во однос на мојот карактер и започнав доста работи да ги гледам на поинаков начин. “

Плановите за новогодишната прослава вели дека му се поврзани со најблиските.

„Новата година сакам да ја дочекам во кругот на најблиските и не знам зошто, но  годинава чувствувам некоја посебна еуфорија кога се работи за празниците.“

Пред да ни открие што си посакува во Новата година, ни откри и на какви подароци се радува.

„Кога сме кај подароците, ништо не може да ме израдува толку колку новогодишно пакетче. Да бидам реален и кога бев мал, а и сега, можам да кажам дека исто се радувам кога ќе видам новогодишно пакетче под елката.“ 

Кога се новогодишните желби во прашање, за Давор во следната година здравјето е најважно, па така си посака добро здравје за себе и семејството.

„Па искрено, во новата 2021 година, на прво место сакам јас и моето семејство да бидеме здрави и живи, потоа сите деца и луѓе коишто се болни да оздрават и да се врати насмевката на нивните лица, а јас бидејќи сум здрав, мислам дека секоја желба ми е остварена.“

Како за крај, Давор имаше да ви посака нешто и на сите вас.

„Во Новата година сакам на сите да им посакам многу здравје, среќа, љубов и секако многу дружби, повеќе насмевка и ведар дух. Сите колку што можат повеќе да се придржуваат до мерките, за во оваа година конечно да заврши ова зло и повторно да бидеме слободни и неограничени.“

И.М.

Може да ве интересира:

Рачно изработените подароци посебно ми значат: Новогодишно интервју со Александар Динев

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: