Болно: И Хари Стајлс погоден в лице со тврд предмет (ВИДЕО)
Хари Стајлс беше погоден со предмет во лицето додека настапуваше во Виена неодамна.
Од видеото споделено на интернет од концертот на стадионот Ернст Хапел се гледа како Хари оди на сцената, кога во еден момент тврд предмет го удира во лицето.
Откако бил погоден од предметот, пејачот можел да се види како се грчи од болка држејки се со раката во пределот на лицето каде беше удрен.
Миријам, обожавателка од Германија која беше на концертот во Виена, рече дека пејачот бил погоден откако ја испеал Sign Of The Times, првата песна на бис.
-Сè држеше за лицето. Изгледаше дека има голема болка. Изгледа како да мораше да се повлече во бекстејџот, а потоа се врати кај публиката и продолжи со настапот, рече таа.
Хари Стајлс (29) беше погоден и со букет цвеќе за време на концерт во Кардиф минатиот месец.
Слична непријатност доживеала и поп-ѕвездата Бебе Реџа која била удрена со мобилен телефон во лицето додека настапувала во Њујорк, а претходно за време на настапот била погодена и американската кантри пејачка Келси Балерини. Овој тренд дојде и на блаканот.
Неодамна и спрската пејачка позната како Бресквица за време на една песна беше погодена директно во лицето.
Фото:harrystyles