Bonno TV: Сонувам за јутјуберски настан со над 2000 фанови!

Bonno TV: Сонувам за јутјуберски настан со над 2000 фанови!

Објавена во: Интервјуа, YouTube ѕвезди

Борнео Седеу Нишевиќ, или кај фановите попознат како BоnnoTV, директно од Америка ни раскажа каде му е поубаво - дома или таму, од што најмногу се плаши и која му е неостварена желба!

# Како започна твoјата YouTube приказна?

- Во далечната 2010-та година, Борнео сакаше да сними акционо видео каде ќе прикаже како е да се игра играта Counter Strike во живо. Видеото беше многу детско, но тоа не го запре Борнео да го сподели неговото видео на YouTube. Неговите другари (кои патем имаа исто размислување како него) сметаа дека видеото е предобро и го поддржуваа во замислата. Видеата во просек имаа осумнаесет гледачи месечно, од кои две третини беа од него и неговите другари. Исто така, Борнео ќе прекине да пишува во трето лице бидејќи Борнео го пишува ова.

# Знам дека тука ти се семејството и пријателите, но настрана од тоа, каде е подобар животот, таму или во Македонија?

- Дома си е дома. Каде и да се наоѓам на светов - дома си е дома. Има една појава кај нас каде сите сакаме да избегаме од родното место. Иако сум кратко време овде, за овие две години го имам донесено заклучокот дека дома е местото што растејќи мечтаеме да го напуштиме, а растеме постари мечтаејќи да се вратиме назад. Затоа каде и да сум, срцето секогаш ќе ми припаѓа во Македонија.


# За многу кратко време и со голема упорност успеа значително да ослабнеш. Дали стварно наоѓаш време да вежбаш секој ден?

- Се трудам. Најголемиот дел од времето го поминувам на училиште и училишни обврски. Така што, останатото го распределувам на трчање, правење видеа, музика и работа. Се разбира, кога немам време нешто мора да пати, но се трудам да вежбам седум дена во неделата. Деведесет проценти од времето успева.

# Kако се справуваш со негативните коментари?

Да бидам најискрен, негативните коментари не ми пречат толку, доколку имаат конструктивна конотација. Деструктивен коментар, чијашто намера е некој да ми наштети или да се „испука“ во коментар најчесто го бришам или одговарам професионално.

# Каде се гледаш за 5 години?

- На истото место како и сега, само со надеж на подобро! Поголема бројка на следбеници, повеќе успеси во училиште и спорт и повеќе луѓе кои се мотивираат од нас - јутуберите. Се разбира имам индивидуални сонови како и сите нас, но тие не би ги разоткривал додека не се исполнат.


# Кои се твои омилени Јутјубери во светски рамки и имаш ли контакт со некој од нив?

- Најомилени ми се јутуберите Иван Ајнштајн и Кике Цветче. Имам број од нив, но мислам дека ме имаат блокирано. Не знам дали сакаат да се дружат со мене.

# Кое е твое омилено видео?

- (премотајте до 9:10)


# Најлуд коментар што си го добил од некој обожавател?

- Кике, Кике, прашај ме за оние средби во живо со обожаватели, тие се ептен луди!

# Најкористен хаштаг?

- #newvideo

# Омилена песна?

- Се менува од недела за недела. Дефинитивно си ја пејам под туш „ ...опушти душа и заборави грижи, сè што е лошо ќе помине знам, знам."

# Што пееш додека се тушираш?

- Упс.

# Позната личност што би сакал да ја запознаеш?

- Голем обожавател сум на Sting од групата The Police!

# Кој ти е омилен цртан од детството?

- Скуби дуууу!

# Што не сакаш да јадеш?

- Јуфки.

# Што би правел ако немаш Интернет?

- Би играл граница со првите дечиња што ќе ги најдам.

# Омилен супер херој?

- Отсекогаш сум бил фан на Спајдермен.

# Место кое најмногу сакаш да го посетиш?

- Би сакал да стигнам во врвот на Килиманџаро.

# Најголем страв?

- Змија. Што и да е само не змија!

# Неостварена желба?

- Јутјуберски настап со над две илјади фанови!


Следете го Боно на Инстаграм: @boxborneo

Сапскрајбнете му се на јутјуб: BonnoTV

Кике Цветче

Објавена во: Интервјуа, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: