Божиќ во домовите на познатите: Еве како ѕвездите ги прославија празниците (ФОТО)

Божиќ во домовите на познатите: Еве како ѕвездите ги прославија празниците (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Ѕвездите со своите обожаватели споделија како си поминале за најубавиот празник во годината...

Социјалните мрежи овие денови беа преплавени од фотографии од украсени елки и заеднички семејни фотографии.

Познатите личности исто така споделија фотографии и видеа од своите празнични прослави. Има од сѐ по нешто, од оние кои се во опуштени изданија, преку забавни божиќни фотосесии, па сѐ до луксузни забави, а дури некои од нив Божиќ го прославија во бикини.

# Мили Боби Браун

Актерката на својот Инстаграм сопдели фотографија од непозната тропска локација. Бидејќи црвената е празнична боја, таа се одлучи за црвен костим за капење, а изгледот го заокружи со прекрасен цвет во коса. Под фотографијата напиша едноставен опис: „Среќен Божиќ“.


# Никол Шерцингер

Уште една позната личност која уживаше на сонце и море овој Божиќ. Пејачката, празничниот викенд го помина на Хаваите, опкружена со пријателите и семејството, а неизоставен дел од комбинацијата беа и божиќните џемпери, со кратки ракави.

# Тејлор Лотнер

Ова е прв Божиќ, кој најзгодниот врколак и неговата сопруга го дочекаа како брачен пар. ПРазниците ги поминаа со пријателите. Уживаа во божиќните светла, снегулките, а актерот не можеше да одолее и да не се препушти на сликањето на лице.

# Ким Кардашијан 

Ким навистина се имаше средено за празниците и веќе традиционалната божиќна забава која ја организираат сестрите Кардашијан и Џенер. Гламурозниот сребрен фустан од Версаче изгледаше совршено на неа, а обожавателите ги изненади со уште една промена. ОФицијално се врати на својата препознатлива црна коса, по година дена експериментирање со русата боја.


# Лионел Меси

Откако победи на Светското првенство, фудбалерот и неговата сопруга покажаа како изгледа Божиќ во нивниот дом. Насмеаното семејство Меси позира пред елката во домот.

# Рита Ора

Пејачката празниците ги помина во Лондон. Се фотографираше пред елка, ја покажа својата богата празнична трпеза и сподели рецепт за празничен пунџ од текила.

# Линдзи Лохан

Актерката пред елката позираше со својот сопруг Бадер Шамас, со кој се венчаше оваа година во април.

# Двејн Џонсон

Актерот за овој празник се облече во костумот на Дедо Мраз. Секако, истиот немал долги ракави. Знаеме дека Двејн, сакал на обожавателките уште еднаш да им ги покаже своите бицепси.

# Дуа Липа

Ѕвездата ги почести своите следбеници софотографија од себе пред шарена елка. Исто така, ја фотографираше и празничната маса и преслаткиот домашен миленик.

# Хајди Клум

Објави видео во кое се замотува во хартија за пакување подароци, со натпис: „Само што го пакувам празничниот подарок за сопругот“

# Џенифер Лопез

Во потполносст својата комбинација ја усогласи со декорацијата во домот. Нејзиниот син фустан совршено се усогласи со сино - сребрената елка. Црвените машни и црвените детали на облеката исто така ссовршено одговараа со свечената празнична трпеза.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: