Брајс Хол и Адисон Реј открија: Повторно сме заедно

Брајс Хол и Адисон Реј открија: Повторно сме заедно

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Сѐ за својата врска и критичните моменти, ТикТокерите раскажаа во новото, заедничко Јутјуб видео...

ТикТокерите Брајс Хол и Адисон Реј објавија дека се повторно заедно, а во заедничкото видео на Јутјуб открија и некои сочни детали од нивниот романтичен однос, како тоа кој е датумот на почетокот на нивната врска, зошто се разделуваа и кога се бакнале првпат.

Вежбајќи заедно во видеото, одговараа на најчестите прашања на обожавателите, а објаснија и како на почетокот воопшто немале симпатии еден кон друг.

„Дури кога се запознавме, всушност воопшто не ни разговаравме за нешто слично“ - објасни Адисон, пишува „Seventeen“.

Но, од оваа приказна страната на Брајс е малку поинаква. Тој се обидувал за нешто и пред Адисон да се заинтересира за него, но му било малку необично и не бил 100% сигурен во нив, бидејќи таа тогаш ја прекинала долгогодишната врска.

„Во тој период таа излезе од петгодишна врска и не ми мислев дека е можно нешто помеѓу нас. Но, очигледно на крајот сепак успеав да ја бакнам“ - објасни Брајс.

Но, на крајот кој е официјалниот датум на почетокот на нивната врска? Во видеото кажаа дека тоа е 13 октомври. „Тогаш почнавме поинтензивно да се дружиме и тогаш всушност ја започнавме врската“ - објаснија.

Што друго открија за нивната врска и разделбите, погледнете во нивното ново видео:


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: