Брајс ја изневерува Адисон: Овој љубовен триаголник на ТикТоктерите направи хаос на социјалните мрежи

Брајс ја изневерува Адисон: Овој љубовен триаголник на ТикТоктерите направи хаос на социјалните мрежи

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Адисон Реј и Брајс Хол се две многу познати имиња на платформата ТикТок, а нивната врска и „контроверзните“ наслови во медиумите им даваат уште повеќе публицитет, па затоа се претпоставува дека така и се однесуваат и изјавуваат дека не се во врска, а е многу очигледно дека тие повторно се заедно. Сепак и тука постои уште една драма - дали Брајс ја изневерува Адисон со малолетничка од ТикТок? 

Имено, на ТикТок моментално очигледно постои „љубовен триаголник“, кој се врти околу Адисон Реј, Брајс Хол и 16 - годишната Елиза Минор. Сите тројца снимаат сопствени видеа и никој од нив не потврди никаква врска, но Адисон и Брајс веќе долго време беа во врска, па раскинаа, па повторно се зближија и обожавателите веруваат дека тие се заедно и сега. Она што е најинтересно во оваа приказна е појавата на Елиза Минор, за која не се тука само тврдењата, туку и видео во кое се гледа дека му „тверка“ на Брајс, а на сите ни е јасно дека тоа не се прави на некој што ни е само другар.

Со оглед на тоа дека се наближува 21 роденден на Брајс, а Елиза е малолетна, нивната врска моментално не е возможна, но очигледно е дека нешто се случувало. На Твитер реакциите се бурни и сите го обвинуваат Брајс. Видеото всушност е направено во мај, но повторно се појави бидејќи Адисон напиша еден чуден твит: „Никој не ја знае целата приказна, а среќа што ни јас не сакам на интернет да споделувам се за мојот живот, па затоа ве молам да ме почитувате мене и моите чувства. Сето ова се реши приватно“ - напиша таа. Брајс потврди дека ова е поврзано за него, бидејќи одговори на твитот, потоа се вмеша и неговата мајка, а Елиза наводно ги демантираши сите во коментарите, како што може да видите во продолжение.




Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: