Брендот MANGO за прв пат на МЕТ Гала во Њујорк

Брендот MANGO за прв пат на МЕТ Гала во Њујорк

Објавена во: После „Школо“ // PR

За прв пат во историјата шпански, комерцијален бренд е дел од најпознатиот моден настан во Њујорк – МЕТ Гала, преку специјалната креација за бренд амбасадорот Софиа Санчез де Бетак. Арт директорката и моден консултант беше пристуна на настанот чија домаќинка е легендарната Ана Винтур, заедно со Лејди Гага и Хери Стајлс, како и Серена Вилијамс и креативниот директор на Gucci, Алесандро Микеле.


Овогодинешната тема на настанот беше таканаречената КЕМП мода, а креацијата на MANGO беше изработена токму во тој правец, да ја долови екстраваганцијата и специфичноста на овој правец во модата. Впечатлива естетика со бои инспирирани од мангото како овошке и дополнети со  комплексни материјали, волумен, детали кај модните додатоци и театралност.

Финалната форма на дизајнот е направена како соработка на стилистот Мими Кутрел, Софиа Санчез де Бетак и  дизајн тимот на MANGO. “Oва е многу значаен момент за МANGO. Проектите од ваков тип служат како инспирација за нашите купувачи, ја прикажуваат поинаквата страна на нашиот бренд и презентираат нови искуства.”, вели Жан Ривера, имиџ директорот на MANGO. 

Освен лимитираната едиција на моделот кој го носи де Бетак на црвениот тепих брендот лансира и капсулна колекција инспирирана од темата на МЕТ Гала.

Софиа Санчез де Бетак соработува со брендот повеќе од 2 години. Родена во Аргентина, таа е претприемач, арт директор, моден консултант и дизајнер. Нејзината страст кон патувањето, нејзината убавина и стил, кој е еклектичен и уникатен ја прават вистинска модна икона.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: