За малку ќе го изгубела животот?! Додека возела, Бресквица доживеала пекол, викала на цел глас, а на крајот пристигнала помош

За малку ќе го изгубела животот?! Додека возела, Бресквица доживеала пекол, викала на цел глас, а на крајот пристигнала помош

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Младата пејачка Анѓела Игњатовиќ попозната како Бресквица доживеала шок додека возела - во автомобилот и влетала смрдливка

Бресквица неодамна ја објави својата нова песна, а сега доживеа вистински пекол додека возела.

Имено, пејачката преку својот Инстаграм профил откри дека доживеала една несреќа додека возела, па решила да им се обрати на возачите и да им објасни каква е ситуацијата.

Бресквица детално откри што ѝ се случило. 

- Морам да ви објаснам што ми се случи сега затоа што сум сигурна дека некој ме виде затоа што колоната беше огромна и имаше гужва - започна Бресквица. 

- Вака, мојот најголем и единствен страв во животот се смрдливки, а низ оваа дупка овде (таа покажа на прозорецот) која беше уште помала во тој момент, смрдливката реши да влезе право во мојата кола, да ми скокне на нозете за да оди до другиот прозорец и да стои така и да ме гледа, врескав и мавав со раце и за да не умрам морав да застанам некаде на страна - истакнува пејачката и додава: 

-Имаше две колони, сите ме гледаа затоа што врескав како идиот и по пола саат успеав да најдам дедо кој беше доволно љубезен да дојде и да ми ја извади смрдливката. Има Господ, жива сум, само сакав да ве известам - не сум луда, само многу се плашам од смрдливки – заклучи Бресквица.


Фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: