Британците лути на принцот Хари - Она што го стори е себично и сурово!
Принот Хари е опишан како „непромислено суров“ кон кралицата која го „обожава“ заради омаловажување на кралскиот живот, додека таа сè уште се бори да се справи без неодамна починатиот сопруг принцот Филип, вели Ангела Левин, експерт за кралското семејство.
Војводата од Сасекс повторно проговори за тоа како не му се допаѓа животот во Кралското семејство.
Хари беше гостин на подкаст воден од актерот Декс Шепард (46). Тој зборуваше за животот во кралското семејство и го спореди со животот на Труман Бурбенко, кого камерите го следат неговите стапки уште од раѓањето.
Тој призна дека со години чувствувал дека не се вклопува во кралското семејство и дека честопати е беспомошен.
Левин, како и поголемиот дел од јавноста, ги осуди овие изјави.
Таа изјави дека Хари е „себичен“ поради неговите изјави, особено сега кога кралското семејство се соочува со смртта на принцот Филип, пренесува „Мирор“.
95-годишната кралица храбро отиде во Парламентот на церемонијата, но може да се каже дека таа не е истата жена.
„Страшно е вознемирена“, го обожава Хари. И принцот Чарлс даде се од себе. Значи, беше непромислено сурово - истакна Левин.
Меган и Хари го очекуваат своето второ дете, а Хари го искористи интервјуто со Шепард за да каже дека не сака да им ги пренесува на своите деца проблемите што ги имал како член на кралското семејство.
Тој призна дека го напуштил кралското семејство и се преселил во Соединетите Држави поради тоа што и е сторено на неговата мајка, принцезата Дајана.