Британските кралски деца мора да се придржуваат на овие строги правила
Откријте кои протоколи се однесуваат на најмладите членови на британското кралско семејство.
Познато е дека британското кралско семејство има строги кралски правила што мора да ги следат сите членови. Но, овој задолжителен протокол важи и за најмладите - принцези и принцови.
1.Тие мора да се поклонат пред кралицата. Кралскиот протокол предвидува дека жените во кралското семејство мора да се поклонат пред кралицата кога ќе ја видат за прв пат во текот на денот.Со оглед на тоа што принцезата Шарлот се поклони пред кралицата Елизабета Втора за Божиќ, се чини дека ни тие не се исклучок од оваа формалност.
2.Тие треба да поминат низ добри тренинзи за манири и убаво однесувањеНајмладите членови на кралското семејство започнуваат со обука веднаш штом ќе наполнат возраст на која веќе можат да седнат на масата.Децата се одгледани со формални ручеци и настани. Исто така, начинот на кој зборуваат се и облекуваат, бара формалност
3.Учат друг јазикПовеќето членови на кралското семејство научиле странски јазик кога биле деца - кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс и принцот Вилијам добро зборуваат на француски јазик.Традицијата им се пренесува и на децата, па Кејт Мидлтон започна да го учи принц Џорџ шпански јазик, кога имал само две години.
4.Момчињата треба да носат шорцевиДецата во кралското семејство исто така мора да почитуваат одредени модни правила, од кои најчудното е што момчињата треба да носат само шорцеви во јавноста.Се верува дека таквата облека е посоодветна за мали деца со сина крв, бидејќи долгите панталони носат деца од средна возраст.
5.А девојчињата само фустаниКога станува збор за облекување мали принцези, ним им е дозволено да носат само фустани со класичен крој. Од друга страна, пантолоните и здолништата не се во нивните плакари.Оваа традиција датира од времето кога ќерката на кралицата, принцезата Ана била мала.
6.Тие не јадат готова храна за бебињаОва правило значи дека тие не јадат храна од купени шишиња, т.е. веќе подготвени за бебиња, но целата храна ја подготвуваат приватни готвачи.Првите оброци на кралските деца обично се каши на пареа од јаболка и круши.
7.Тие не смеат да играат МонополОваа игра беше забранета во кралската палата затоа што во минатото некои членови станаа премногу конкурентни заради тоа.
8.Морат да прифатат подароциКако и сите членови на кралското семејство, кралските деца секогаш мора да ги прифаќаат подароците што ги добиваат од луѓето.
9.Но, обично истите тие подароци не се задржуваатОд играчки до букети цвеќиња, кралските деца честопати се забавуваат со подароци секогаш кога се појавуваат на јавни настани.Сепак, кралскиот протокол диктира дека кралицата одлучува кои подароци може да ги зачува.
10.Не им е дозволено да носат црна облека на дневни настаниВо кралското семејство, црната боја се носи исклучиво на погреби и за време на жалост. Затоа, оваа боја е забранета на дневни настани.Но, постои исклучок од ова правило што се случи кога малиот принц Џорџ беше облечен во црн костум на свадбата на неговиот вујко принцот Хари.
11.Но, секогаш мора да имаат црна облека при ракаКога патуваат, сите членови на кралското семејство мора да имаат при рака црна облека, во случај на ненадејна смрт додека се на пат.Кралицата Елизабета го воведе ова правило по смртта на нејзиниот татко затоа што таа била во Африка кога починал тој и немала црна облека со неа.
12.Тие треба да пораснат малку за да присуствуваат на Божиќната мисаСамо кога ќе пораснат малку им е дозволено да одат на Божиќна миса со возрасни, па принцот Џорџ и принцезата Шарлот отидоа на миса за прв пат во 2019 година.
13.На Божиќниот ручек, тие седат на посебна маса и во посебна просторијаКралските деца го поминуваат Божиќ во Сандрингам со членовите на семејството со задолжителен празничен ручек. Но, правилото диктира дека децата не седат на иста маса со возрасните, туку во друга просторија.
14.Не им е дозволено да отвараат подароци на БожиќНа Божиќ традиционално одат на миса во црквата Света Марија Магдалена, а после тоа на семеен ручек. Не им е дозволено да отвораат подароци на најсреќниот христијански празник.
15.Додека не стапат во брак, на принцезите не им е дозволено да носат тијариТијарите (круните) се синоним за принцези и жени со сина крв, но се резервирани исклучиво за мажените дами.