Бритни откри зашто објавува голи фотографии на Инстаграм: Причината е многу тажна - „Знам дека многу луѓе не разбираат, но...“ (ФОТО)
Во нејзините
претстојни мемоари „The Woman in Me“, Бритни Спирс објасни зошто често позира
гола на Инстаграм, пренесува Page Six.
- Знам дека на многумина не им е јасно зошто сакам да се сликам гола или во нова облека... Но мислам дека би разбрале доколку би биле фотографирани илјада пати, „боцкани“ и молени да позираат. Тогаш би разбрале дека навистина уживам да позирам онака како што се чувствувам најдобро и најсекси – пишува пејачката.
Спирс, која беше под старателство на нејзиниот татко од 2008 до 2021 година, во последните години сподели безброј голи фотографии и видеа на социјалните мрежи, покажувајќи го своето тело на плажите ширум светот и позирајќи топлес.
Провокативните објави се причина за кавгата меѓу пејачката и нејзините два сина Престон (18) и Џејден (17) кои денес се со поранешниот сопруг Кевин Феделаин.
- Мора да објави нешто на Инстаграм за да привлече внимание - изјави Џејден за британскиот ITV минатата година.
- Ова трае со години и години и години, и постои голема веројатност дека навистина никогаш нема да престане - додаде тој. Федерлајн рече дека често им објаснува на Престон и Џејден дека Инстаграм е „само уште еден начин на кој нивната мајка се обидува да се изрази“.
Сепак, 45-годишниот диџеј е свесен дека на момчињата може да им биде „тешко“ да ја гледаат својата мајка гола на интернет.
- Не можам да замислам какво е чувството да си тинејџер, да одиш во средно училиште... Којзнае колку луѓе ги прашуваат за тие фотографии или разговараат со нив за тоа... - рекол нивниот татко.
Спирс, всушност, не ги видела Престон и Џејден речиси две години, но таа неодамна потврди за Page Six дека тие повторно се зближиле „по телефон“, пред тинејџерите да се преселат на Хаваи со нивниот татко во август.
И покрај нивното отуѓување, Спирс им ја посвети „Жената во мене“ на Престон и Џејден, пишувајќи на почетокот на книгата дека тие се „љубовта на нејзиниот живот.Фото:Инстаграм