„Броиме ситно, оваа бременост брзо ми помина“: Луна Џогани си ја отвори душата, откри дали Марко ќе присуствува на породувањето
Парот очекува принова за нешто повеќе од еден месец...
Луна Џогани и Марко Миљковиќ со нетрпение го очекуваат раѓањето на нивната втора ќерка, која решија да ја крстат Лана, откри и дали нејзиниот сопруг ќе присуствува на породувањето.
Имено, нивните верни обожаватели биле љубопитни дали Миљковиќ ќе присуствува на породувањето. Со оглед на тоа дека Луна ќе се породи со царски рез, пристуството на таткото не е возможно.
- Веројатно не, затоа што се работи за царски рез, и никој не смее да биде присутен, освен докторот, но ако даде Господ, ќе имаме апартман, и Марко ќе може да дојде со Миа и да го видат бебето и мене. Ќе ве информирате на време, полека одбројуваме, најмногу уште месец и половина. Оваа бременост само брзо прелета - изјави Луна.
Да потсетиме, ќерката на Луна и Марко, Миа, неодамна наполни две години, а родителите и приредија роденденска бајка.
Фото:lunadjogani/markomiljkovic/instagram