Буквално го стресоа тлото: Фановите на Тејлор Свифт на концертот предизвикаа „земјотрес“ со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала
Настапите на
турнејата Ерас на пејачката Тејлор Свифт во Лумен Филд во Сиетл на 22 и 23 јули
предизвикаа сеизмичка активност еквивалентна на земјотрес со јачина од 2,3
степени.
Како што објавија американските медиуми, локален сеизмометар открил активност предизвикана од посетителите на концертот.
Свифт ги распродаде двете вечери во Сиетл, со 72.171 фанови кои присуствуваа на второто шоу, соборувајќи го рекордот на стадионот од 70.000, поставен од U2 во 2011 година.
Нејзината турнеја Ерас е една од најскапите досега, со цена од над 100 милиони долари.
Познато е дека некои концерти повремено предизвикуваат сеизмичка активност, како што е концертот на Фу Фајтерс во Нов Зеланд во 2011 година, на кој присуствуваа 50.000 обожаватели и концертот на Гарт Брукс во 2022 година на Државниот универзитет во Луизијана во Батон Руж. Сеизмичките магнитуди од тие концерти, сепак, не се познати.
Фото:taylorswift/instgram