Цеца и Вељко со силни пораки му го честитаа првиот роденден на Жељко: Вечерва се подготвува голема прослава
Жељко Ражнатовиќ денес наполни една година.
По овој повод многу обожаватели на семејството Ражнатовиќ уште по полноќ започнаа да им упатуваат честитки на Цеца, Вељко и Богдана, а предпладне се огласија и гордиот татко и баба.
„Среќен роденден љубов моја“ - напиша Цеца покрај фотографиите со Жељко.
„Среќен роденден, тигру!“ - порача Вељко на видеото на кое се смее додека го допира носето на својот син.
Големата прослава по повод првиот роденден на Жељко ќе се одржи вечерва, во еден ресторан во Белград.