Цеца си ја отвори душата: Од Анастасија не дознав дека се сели во Шпанија

Цеца си ја отвори душата: Од Анастасија не дознав дека се сели во Шпанија

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ изјави дека за неа не важи фразата дека повеќе ги сака своите внуци од децата бидејќи ги сака сите подеднакво. Малиот Жељко е само привилегиран затоа што е најмладиот член на нивното големо семејство.

- Ние сме големо семејство. Ражнатовиќ, Оцокољиќи и Родиќи и тој оди само од рака на рака, задоволно дете е. Не му недостасува љубов и внимание.

Ражнатовиќ потоа се осврна на фактот дека нејзината ќерка Анастасија како млада музичка ѕвезда често е на мета на таблоидите. Пејачката се присети на времето кога беше млада и периодот кога градеше кариера во слични, клучни години како и нејзината наследничка.

- Кога бев дете немаше социјални мрежи и немаше толкав притисок од јавноста. Се работеше исклучиво за печатените медиуми. И беше многу помирно. Многу се внимавало што ќе биде објавено. Денеска секојдневно излегуваат вести кои не можете да ги демантирате. Се знаеше кои новинари се страв и трепет, кои имаат остро пенкало. Што се однесува до шпекулациите дали ќе се омажам, немаше многу притисок кога имав 22, 23 години. Кога станува збор за Анастасија, да не беше привлечна за медиумите и интересна за читателите, немаше да пишувате за неа секој ден. Од медиумите дознав дека таа се сели да живее со своето момче во Шпанија. Навикнати сме на сето тоа. Таа порасна со медиумите кои беа присутни во нејзиниот живот - изјави Цеца за „Република“.


Фото: Youtube-screenshoot

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: