Цело време сме живееле во заблуда: Досега сите погрешно сме го јаделе омиленото и познато чоколадо
Но, тоа не го менува нејзиниот одличен вкус...
Сите оние кои се големи обожаватели на овој десерт, ќе се шокираат. Мислиме дека се ретки оние кои всушност го кршеле ова чоколадо на правилниот начин.
Тоблеронето е познато чоколадо во форма на триаголник, кое на многумина им е омилен десерт. Но, едно видео потполно го промени нашето гледање за ова чоколадо со оглед на тоа што досега сме го конзумирале погрешно. Имено, ова момче поради едно видео покрена огромна расправа, бидејќи покажа како всушност треба да се кршат триаголниците Тоблероне.
Во видеото објаснува дека тој триаголник би требало да го кршиме така што, со врвовите на прстите ќе фатиме два триаголници кои ќе ги насочиме еден кон друг и на тој начин тие ќе се скршат точно на средина и на вистинското место каде што би требало. Но, тоа и понатаму не го менува одличниот вкус на овие чоколади, без оглед на тоа што досега погрешно сме ги кршеле.