Чарли Ди Амелио на листата со 100 млади луѓе кои ја кројат иднината на магазинот „Тајм“
Со своите 16 години, таа е најмладата личност која се најде на оваа листа...
Чарли Ди Амелио оваа година се најде на листата 100 млади луѓе на кои треба да им се обрне внимание, бидејќи ти есе личности кои ја кројат иднината.
Со своите 16 години, таа е најмладата личност која се најде на листата, а уредникот на изданието Дан Максаи, истакна дека скоро сите кои некогаш се нашле на листата го промениле текот на историјата.
За младата ТикТок ѕвезда свој текс напиша и Џенифер Лопез, која имаше само пофални зборови.
„Кога ја запознав Чарли на „SuperBowl“ во неа видов искра која ние забавувачите ја имаме. Се чувствував како да сме сродни души“ - започна Џеј Ло.
„Кога Чарли танцува, таа се поврзува. Таа моментално е најголемата нова тинејџ ѕвезда и не е само уште една од оние кои танцуваат на ТикТок. Најдобра е во тоа.“
„Кога танцува, таа луѓето сакаат да бидат како неа. Нејзината автентичност се гледа низ екранот. Огромна е одговорноста кога сте толку популарни“ - продолжи пејачката.
„Со секој нов следбеник или видео кој носи милиони преглед, Чарли покажува дека деновите во кои сте чекале некој да ги открие вашите таленти поминале. Доколку го направите тоа како Чарли, тие ќе излезат на виделина“ - заклучи Џеј Ло.