Чарли Ди Амелио проговори за своето ментално здравје: Имав ужасни панични напади
Чарли Ди Амелио стана светски позната благодарение на ТикТок, каде што има над 100 милиони следбеници. Сепак, неодамна изгуби над два милиони следбеници пред да ја достигне големата бројка и тоа само поради поради еден скандал. За среќа, таа брзо се опорави од загубата и наскоро го надомести бројот на следбеници.
Според „Инсајдер“, до Чарли допрела моментално многу актуелната тема, менталното здравје. Таа зборуваше за своите проблеми со менталното здравје, и откри дека се бори со панични напади уште од дете.
„Имав големи напади на паника уште од дете", започна Чарли. „Тие и денес влијаат на мене. Понекогаш е премногу болно дури и да зборувам за нив. Знаев да плачам три дена по нападот на паника ", открила таа и додаде: „Толку многу плачев што на крајот не бев свесен за самата себе“.
Чарли се опиша себеси како многу емотивна личност која се обидува да се справи со својата темна страна, а тоа и беше особено тешко по скандалот околу нејзиното недолично однесување. Според неа, некои отишле дотаму што и испраќале смртни закани, што е апсолутно неприфатливо однесување.
Чарли јавно се извини за своето однесување на Инстаграм лајв, но сепак доби лоши коментари и „хејт“. Во еден момент, таа помислила и целосно да се повлече од социјалние мрежи. „Ако ова е нашето општество, она во кое сите се сурови еден кон друг, не сум сигурна дали сакам да продолжам да бидам дел од ова“ - рече таа.
Покрај нападите на паника, Чарли се борела и со нарушување во исхраната. „Нарушувањата во исхраната се многу почести отколку што мислиме. Некои денови се подобри од другите, но вие постојано се борите со сопствениот ум“ - открила таа.
Чарли на крајот побара од секој кој се бори со некаква форма на ментална болест да побара помош затоа што не е сам во својата борба. Таа храбро ја призна својата борба со менталните болести и ги охрабри и другите да го сторат истото.