Чарли Ди Амелио во одбрана на Адисон Реј: Замолчете веќе
Чарли Ди Амелио се труди да води позитивна кампања на Интернет и не гледа на другите ТикТокери како на ривали. Па така, во својот нов „лајв“ на Инстаграм ја бранеше Адисон Реј која е често на мета, кога се нападите во прашање и верувале или не, само поради својот изглед.
Интересно, Чарли во текот на „лајвот“ се шминкаше, а тогаш самоуверено кажа: „Да бидам искрена, знам дека изгледам добро. Адисон исто така би требало да знае дека изгледа добро. Меди треба да знае дека изгледа добро. Синтија треба да знае дека изгледа добро. Значи, замолчете. Задржете ги навредливите зборови за себе.“ Чарли вели дека веќе доволно читала навредливи коментари на сметка на својот изглед и изгледот на своите колешки.
„Доколку немате да кажете нешто убаво, немојте ништо да кажувате. Луѓето зборуваат лоши работи на сметка на Сиси Шеридан. Сиси е толку убава. Таа буквално е една од најубавите девојки кои ги знам. Ви пречи што таа одбива да пишува? Како тоа влијае на вашиот живот?“ - додава таа.
„Ја напаѓаат и Бела Порч. Таа го користи филтерот „face zoom“ и изгледа многу добро. Ѝ стававте лајкови, немојте сега да негирате, бидејќи таа има многу следбеници.“ Инаку, Бела е на мета, кога се нападите во прашање, бидејќи наводно се однесува како дете за да привлече внимание, додека за Адисон зборуваат дека е дебела. Инаку истражувањата покажуваат дека откако трае корона кризата, навредите на Интернет стануваат сѐ погласни.
Многу е глупаво да се каже дека може ова да се игнорира и дека навредите не треба да болат, но навистина единствен лек е колку што можеме да се одбраниме од негативните луѓе и да се посветиме на оние кои го заслужуваат нашето влијание. Иако здравствената ситуација не е добра, ајде овој период сите да го искористиме на подобар начин. Светот порано или подоцна ќе се врати во нормала, а тогаш и ние мораме да бидеме подобро отколку што сме биле пред сето ова да ни се случи.