Четири писма до Дедо Мраз од деца од прифатилишта кои ќе ви го скршат срцето: Сите животни лекции се вткаени во нив (ФОТО)
Сите животни лекции кои треба да ги научиме се во овие 4 писма, кои децата од прифатилиштата ги напишаа до Дедо Мраз...
На социјалните мрежи кружат писма, кои децата од прифатилиштата ги напишаа до Дедо Мраз, а нивната содржина треба да ја прочита секој до нас. Зошто? За малку да ги преиспитаме своите одлуки, своето однесување и како да размислуваме за нашиот живот во духот на христијанството.
Овие писма се напишани пред 3 години и нивната содржина е многу емотивна:
# Лекција број 1: Среќата е едноставна, а за многумина толку недостижна.
„Драг Дедо Мраз, морам да ти кажам уште на почетокот, јас не сум тип на човек кој очекува сѐ да му падне од небото. Бидејќи можам да изразам желба, ќе го изразам она што најмногу го сакам, а тоа е да направиш да можам да ја видам мојата мајка барем на еден час, а другата желба ми е сите гревови да ми бидат простени. Ти благодарам однапред.“
# Лекција број 2: Ако сте во можност да направите пресврт во животот во било кој момент - бидете среќни. Поголемиот дел од луѓето ја немаат таа шанса.
„Драг Дедо Мраз би сакал за Нова година да ми подариш повеќе желба и волја, за да го завршам училиштето со што подобри оценки и да се вработам во некој добар ресторан и да почнам нов живот од почеток“ - посака ова дете.
# Лекција број 3: Среќни сме сѐ додека родителите и децата ни се живи и здрави.
„Јас би сакал мајка ми да оздрави и татко ми да не се повредува на работа“ - стои помеѓу останатите крајно детски и невини желби на ова дете.
# Лекција број 4: Радувај се на туѓата среќа!
Драг Дедо Мраз, не сум сигурна дека бев добра оваа година, но секако сигурно нешто добро сум направила. Со оглед на тоа што живеам во Домот за деца, каде често доаѓаат и заминуваат деца кои ми стануваат драги, оваа година во мојот живот влезе девојче кое многу го засакав. За моја жал, а нејзина среќа, замина во хранителско семејство. Мојата новогодишна желба е таа да биде добро и да ја пронајде среќата“.
фото: freepik.comА шта ви желите за Нову годину?
— Блузбаба (@bluesbaba2) December 5, 2022
(Ова писма Деда Мразу су писала деца која су пре три године била штићеници Прихватилишта за децу) pic.twitter.com/fRxadsN3yk