Читајте ги безвремените приказни и откријте нов волшебен свет!
Во оваа едиција може да ги најдете следниве наслови:
Петар Пан, Пепелашка, Трите прасиња, Мачорот во чизми, Снежана.
Ова се веќе добро познатибезвремени приказни, но овој пат со интересен формат и привлечни илустрации кои ќе им го задржат вниманието на децата.
Гарантираме дека не само што ќе го привлечат вниманието на децата, туку и со задоволство ќе ги замолуваат мама и тато или баба и дедо да им ги читаат, постојано ќе бараат да го прават тоа за нив, или, пак, за оние кои знаат да читаат ќе им се враќаат на овие приказни повторно и повторно ...се додека не ги научат сами да ги раскажуваат.
Во сликовниците се раскажува со лесен, ненаметлив и едноставен стил. Речениците се кратки, јасни и содржат зборови кои се разбирливи за децата. Разиграниот и различен тип на букви и разиграноста на цртежите и тоа како ги мамат децата постојано да ги прелистуваат страниците.
· Петар Пан, магичното момче од Недојдија, и неговата пријателка Ѕвончица им приготвуваат изненадување на двете братчиња...откријте за какво незаборавно искуство станува збор.
· Тешкиот живот на прекрасната Пепелашка прераснува во бајка откако принцот ја одбира токму неа за животна сопатничка. Како....ах, за тоа повеќе во сликовницата.
· Трите мили прасенца сакаат да започнат живот, секое во своја посебна куќа. На што наидуваат и каква порака има од најстарото прасенце - ќе дознаете сами!
· Мачорот во чизми е толку привлечна приказна, а овде е проткаена со римувани стихови. Воодушевуваат постапките и идеите, неговите мудрости и како тоа успева на еден волшебен начин едно обично момче да претвори во „маркиз од Карабас“.
· Познатата приказна за Снежана и седумте џуџиња раскажува за добрината и карактерот и за убавината на Снежана. Како и помагаат џуџињата и како таа ќе биде избраничка на принцот...дознајте читајќи!