Да ти пукне срцето: Момир Луковац, починатата ѕвезда на Гранд, планирал венчавка на лето?

Да ти пукне срцето: Момир Луковац, починатата ѕвезда на Гранд, планирал венчавка на лето?

Објавена во: Живот // Живот

Голема трагедија...

Овогодинешниот учесник на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Момир Луковац, кој пред неколку дена изврши самоубиство на 24 години, им се фалел на пријателите дека на лето ќе организира венчавка и свадбена веселба со својата вереница, дознава nova.rs.

Момир, според полицискиот извештај извршил самоубиство со пиштолот на неговиот татко во станот на вереницата, а истрагата траела до раните утрински часови.

Причините за трагедијата сѐ уште не се официјално познати, а се зборува дека имало врска со неговата вереница.

Пејачот, како што пишуваат медиумите, на лето планирал венчавка и свадбена веселба со својата партнерка, но тоа за жал нема да го доживее.

„Луковац последниот месец зборуваше дека ќе се жени во текот на летото. Тој планираше да се ожени со својата вереница и да организира прослава, во согласност со сегашните мерки заради коронавирусот. Не е познато дали тој закажал нешто по тој повод, но се знае дека планирал и тоа му била целта“ - откри изворот за nova.rs и додаде дека на свадбената веселба планирал да ги покани колегите кои се натпреварувале со него во популарното музичко натпреварување, чиј основач е Саша Поповиќ.

„Тој беше во добри односи со многу пејачи. Со музика се занимава уште од дете и сите го познаваа во Подгорица и околината. Преку разни натпревари, настани и работа во угостителски објекти, тој запозна многу луѓе и оствари контакти. Тој планираше да ги покани на венчавката овогодинешните натпреварувачи на „Ѕвездите на Гранд“: Исак Шабановиќ, Крстиња Тодоровиќ, Цеца Булатовиќ и други. Тој беше приватно добар со нив и имаше желба да пеат на неговата венчавка“ - рекол изворот.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: