Дали ја препознавате пејачката од сликата? Таа денес е една од најголемите ѕвезди, а нејзините хитови сигурно ги знаете

Дали ја препознавате пејачката од сликата? Таа денес е една од најголемите ѕвезди, а нејзините хитови сигурно ги знаете

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Фото: printscreen/youtube/zvezde granda


Во родниот град посетувала и школа за пеење кај Марија Шерифовиќ

Пејачката од фотографијата ја започна својата музичка кариера на само 13 години, а веќе на 15 се појави на аудицијата за „Ѕвездите на Гранд“.

Тоа не и беше прво учество во шоу програма, бидејќи претходно Тијана Милентијевиќ учествуваше на „Јаа имам талент“, а во родниот град посетуваше и школа за пеење кај познатата Марија Шерифовиќ.

Фото: printscreen/youtube/zvezde granda

Дека нејзината желба да пее на големата сцена е огромна покажала во 2013 година, кога на 15 години самоуверено се појавила на аудиција во Крагуевац пред Саша Поповиќ, како и пред стручниот тим на „Гранд продукција“ со песната „Мојата заклетва“, од Зорица Брунзлинк.

Одлучна и со голема желба да успее, оваа талентирана девојка се претстави на аудицијата, а веќе во септември истата година се најде во тесниот круг на натпреварувачи на „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: printscreen/youtube/zvezde granda


Во големото финале таа го зазеде деветтото место, но по завршувањето на натпреварувањето направи подолга медиумска пауза. Дека и треба време да созрее и да се подготви за сето она што популарноста го носи со себе, докажа кога се врати на сцената со хитот „Žena od sultana“.


Тијана во меѓувреме реши да настапува под уметничкото име Тијана Ем, а денес е една од најбараните пејачки на нашите простори.


Извор: www.telegraf.rs


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: