Дали ја препознавате пејачката? Во младоста била рокерка, а денес е кралица на фолк музиката, ниту една прослава не може да помине без нејзините хитови

Дали ја препознавате пејачката? Во младоста била рокерка, а денес е кралица на фолк музиката, ниту една прослава не може да помине без нејзините хитови

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Родена е во 1960 година во Босна и Херцеговина како Фахрета Јахиќ. Иако сакала да пее уште од детството, нејзината вистинска музичка кариера започна во 1980 година, кога ги запозна членовите на групата „Лира шоу“

Тогашниот шеф на бендот распишал конкурс за нова пејачка, бидејќи тогашната нивна пејачка Спаса се омажила и го напуштила бендот. Александар Саша Поповиќ тогаш во очај барал пејачка, па на настапот во Брчко сите ги упатиле кон една рокерка. На членовите на бендот оваа девојка на почетокот им изгледала смешно, како и нејзината изјава: - Во принцип, не пеам народни песни, но ќе научам - им рекла тогаш.

По првиот настап зад неа настанала вистинска конфузија. 

И како што настапите станувале се побројни, таа шиела костими за неа заедно со нејзината мајка.


Во 1981 година, благодарение на менаџерот Владимир Цветковиќ, „Лира шоу“ го промени името во „Slatki greh“ и го снимиja нивниот прв албум од кој се издвои песната „Чачак“.

Брена, како што беше нејзиното уметничко име, стана Лепа Брена, откако покојниот Минимакс ` го додаде тој епитет. Лепа Брена стана една од најголемите балкански ѕвезди. На нејзините концерти доаѓаа стотици илјади луѓе. Кога светот тоа не можеше ни да го замисли, таа на своите настапи се спушти со хеликоптер. Снимаше и многу филмови, а „Хајде да се волимо 1,2,3“ станаa едni од најпопуларните филмови во поранешна Југославија.


Речиси и да нема албум од кој не се издвоиле грст хитови на Брена, меѓу нив се: „Mile voli disko“, „Sitnije, cile sitnije“, „Bato, bato“, „Jedan dan života“, „Okrećeš mi leđa“, па се до„Uđi slobodno“, „Pazi kome zavidiš“, „Zrno bibera“, „boliš i ne prolaziš“.

Лепа Брена е во брак со поранешниот тенисер Слободан Бобо Живојиновиќ со кој има два сина Стефан и Виктор.


Фото и Видео: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: