Дали можете да ја препознаете? Еве колку филтрите и шминката можат да измамат (ФОТО)

Дали можете да ја препознаете? Еве колку филтрите и шминката можат да измамат (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди


Видеото на кое Данијела Димитровска е без шминка предизвика лавина коментари

Данијела Димитровска се занимава со манекенство од својата 16-та година, а и постигнаогромен успех во светот. Како што тврдат многумина, за нејзината убавина и харизма може да се пишуваат романи, а не е тајна дека сите модни куќи и дизајнери ја ангажирале додека професионално се занимавала со манекенство.

Таа остави посебен печат во Париз, Њујорк и Рим.

Сето тоа се промени по нејзиниот брак со водителот Огњен Амиџиќ. Имено, набргу по венчавката пристигнал наследникот  Матија, па Данијела немала можност да патува низ светот, туку отворила модна агенција во Белград за  млади девојки кои сакаат да ги следат нејзините стапки.

За нејзината убавина нема потреба да се зборува. Таа го освои светот. Но, она што таа го направи вчера не заслужува ништо освен почит.

Имено, познато е дека дамите од јавниот живот не сакаат да се фотографираат несредени и без шминка, што не би можело да се каже за Димитровска. Поранешната сопруга на Огњен сподели неколку видеа на Инстаграм на кои беше сосема природна во кадар одблиску.

Како што кажа и самата, тоа беше еден од оние денови кога не беше средена и токму така сакаше да се претстави пред јавноста, бидејќи и таа има периоди кога не е таква каква што ја знаеме. На овој начин таа им испрати силна порака на жените, а тоа е дека - никогаш не треба да се срамат од себе и тоа што се.

Фото: danijeladmitrovska/instagram

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: