Дали Ноа Сентинео е новиот член на кланот Кардашијан: Фановите не се задоволни од неговата нова девојка
Дали е во прашање летна љубов или само обичен флерт?
Ноа Сентинео е уловен како флертува на Инстаграм со најдобрата пријателка на Кајли Џенер и на сите ова им изгледа како знак дека на повидок е нова „селебрити“ двојка.
Имено, најдобрата пријателка на Кајли, Анастасиа Караниколаоу, позната под прекарот Стејси, неодамна објави фотографија на која носи преголема машка спортска јакна. Изгледа дека сопственик на таа јакна е преслаткиот актер Ноа Сентинео, кој имавме можност да го гледаме во нашите омилени комедии на Нетфликс.
За нивната романса почна да се шушка кога Ноа коментираше на нејзината фотографија, шегувајќи се: „Врати ми ја мојата проклета јакна жено“. Во коментарите подоцна додаде и „те молам“, но изгледа дека познатиот убавец нема да ја добиее јакната во скоро време, бидејќи Стејси му одговори: „За што зборуваш, тоа е моја јакна...“, на што Ноа одговори со емотикон кој плаче. Оваа интеракција делува како флерт и истата не помина незабележана од обожавателите, кои веднаш се пуштија во потрага и пронајдоа доказ дека јакната навистина некогаш му припаѓала на познатиот актер, кој пред неколку месеци објави фотографија на која ја носи.
Меѓутоа, изгледа дека обожавателите се поделени околу новата потенцијална романса. Додека некои со воодушевување коментираа за новата двојка, останатите го критикуваа Ноа за изборот.
Ноа и Стејси не одговорија на прашањата за својот љубовен статус, па изгледа дека времето ќе покаже дали е во прашање вистинска романса или сето ова ќе остане само на Инста - коментари.