Дали ова е причината поради која Ријана се раздели од милијардерот?

Дали ова е причината поради која Ријана се раздели од милијардерот?

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката од Барбадос три години беше во врска со саудискиот милијардер Хасан Џамил.

Според некои американски извори, врската на Ријана и Хасан не успеа од едноставна причина - животните патишта им се разминаа, пишува Cosmopolitan.

„Тие водат различни животи, таа е голема ѕвезда, а тој е деловен човек и едноставно не може да се вклопат“ - тврди еден од изворите. Ријата врската со Хасан не ја провлекуваше низ медиумите, но во кратки црти даваше до знаење на јавноста дека е заљубена, но не е сигурна дали сака да се омажи и да роди деца.

Ријана разделба најверојатно брзо ја преболе, бидејќи набрзо по истата е видена со старите пријатели, Rocky и Дрејк. А, според коментарите на Интернет, голем број обожаватели се надеваат дека ќе заврши со еден од раперите. Но, познавајќи ја Ријана, најверојатно ќе каже дека на неа не и е потребен маж.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: