Дали знаете дека можете да ги направите емотиконите на вашиот мобилен телефон розеви? Или сини?
Преслатко...
Еден нов хак се појави на ТикТок, а ако не знаете за тоа, време е да дознаете. Ако сте личност која сака бои, како што е розовата, постои лесен начин на кој можете да ја дадете оваа нијанса на емотиконите.
Изгледа како врз емотиконите да е ставен филтер во розова боја, а всушност се работи за опција која има само iPhone, а која луѓето не ја користат толку, бидејќи не знаат неа. Ако немаш препарувано по оциите, можно е да не знаеш за оваа опција, бидејќи за да ја најдеш мора да знаеш што бараш, нема да можеш толку лесно да стигнеш до неа.
Катарина Могуш редовно со своите следбеници споделува кул опции на iPhone за кои многумина не знаат. Ова е една која е посебна, а која може да го направи твојот живот розов. Или син. Која боја и да ти е подрага. Станува збор за тоа дека можеш да ја промениш бојата на емотикономите и добар дел од нив да бидат во таа нијанса. Таа на пример ја розово/сината и сите ја попримиле таа нијанса.
@katamogz #iphonehack #iphonetips #iphonetricks #iphonehacks #applehacks #appletips #appletricks #iphone13promax kiss of life -
Ова ќе ти биде особено слатко доколку имаш некоја естетика до која сакаш да се држиш во сите полиња во животот. Во видеото ги покажува чекорите како точно да се дојде до тој вид на „Поставки“. За жал, не сме сигурни дали ова може да го направат и корисниците на Андроид. Но, можеш да се обидеш да побараш дали ја имаш таа опција. За да може и личноста на која ѝ ги испраќаш емотикони да ја види бојата, исто така мора да ја има вклучено истата опција. Доколку ја нема, на неа ќе ѝ изгледаат нормално.
фото: TikTok - katamogz; Oleg Golovnev / Shutterstock