Дарен полни 4 години: Тијана на роденденот на внукот откри зошто го викаат Ибро (ВИДЕО)

Дарен полни 4 години: Тијана на роденденот на внукот откри зошто го викаат Ибро (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Интересна е приказната која стои позади неговиот прекар...

Пејачката Тамара Тодевска има две деца - Хана и Дарен, кои ги доби во бракот со Александар Димитриевски - Мачка. Хана оваа година тргна во прво одделение, додека Дарен денес наполни 4 години.

Дека е миленик кај роднините, говори и објавата која тетка му, пејачката Тијана Дапчевиќ му ја посвети. Имено, таа со едно интересно видео и порака во која го откри прекарот на својот миленик, јавно му го честиташе роденденот.

„Шефот на тета и актер Дарен, во народот попознат како Ибро (бидејќи е најголем фан на Златан Ибрахимовиќ), денес полни 4 годинки. Мил мој „Ибро“, да си здрав, среќен, насмеан до 105, па повторно. Те сакаат тета, Вук и тетин Миле“ - напиша гордата тетка покрај преслаткото видео на кое откри дека се во борба поради тоа што не му давала да јаде благо.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: