Дарко Лазиќ минува низ пекол, плаче поради запалениот гроб на татко му: Откриено е во кој се сомнева пејачот
Пејачот е неговото семејство се згрозени од она што им се случило...
Гробот на таткото на Дарко Лазиќ, кој почина во декември минатата година, изгоре во пожар пред неколку дена.
Огнот целосно ја уништил рамката од вештачка трева, нои долниот дел од крстот на надгробната плоча, додека венците што стоеле таму од декември, кога бил погребан, не биле зафатени од пожарот, наведува „Курир“.
Жителите биле згрозени од она што се случило, а како што наведува извор за „Блиц“, Дарко поради тоа со денови е во агонија и наводно се сомнева дека не е случајност.
„Тој плаче на цел глас, бидејќи му се случи нешто ужасно. Сфати дека на луѓето ништо не им е свето. Прво мислеше дека ова се случило случајно, но со текот на времето почна да увидува дека тоа му го направиле злобни луѓе“ - раскажа упатениот извор.
„Лазиќ мисли дека горбот го запалиле луѓето на кои им должи пари. Знаеле што ќе го повреди и го направиле она што му е најсвето. Поминува низ пекол, на никој не би му ги посакал тие маки. Очигледно е дека неговото семејство нема среќа и дека го следат само проблеми“ - заклучи изворот.