Децата на Шакира и Пике носат православни имиња: Многумина се прашуваат зошто, а никогаш не би ја погодиле вистинската причина
Многумина се прашуваат зошто Шакира и Пике на своите деца им дадоа православни имиња, а за тоа се појавија различни теории
Поп-ѕвездата Шакира и понатаму е на насловните страници по одмаздничката песна која ја посвети на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике, со кој раскина минатата година откако дозна дека ја изневерил. Шакира во новата песна го прозва Пике без влакна на јазикот, по што песната стана светски хит.
Круна на нивната љубов, која траеше 12 години, се нивните синови - Милан и Саша, над кои Шакира го доби старателството.
Многумина сè уште ги интересира тоа што момчињата имаат православни имиња, а за причините се шпекулираше многу. Кога пејачката во 2014-та година го нарече својот прв син Милан, многумина беа изненадени, но и го пофалија нејзиниот избор, а не помало изненадување следеше за името Саша, кое исто така е православно.
Се зборуваше дека една од причините е таткото на Шакира, Вилијам, кој според едни е потомок на Македонци, а според други израснал во православна средина. Некои интернет портали даваат објаснување дека таткото на Шакира, Вилијам Мебарак Чадид, е роден во Либан, по потекло католик, всушност потомок на православен Македонец.
Се шпекулираше и дека пејачката е фасцинирана од словенската митологија и дека тоа е главната причина за изборот на имиња за нејзините синови, но нема официјални потврди за овие теории.
Без оглед на тоа што нема потврда која од овие теории е точна, факт е дека Колумбијката и Шпанецот своите синови ги именувале Милан и Саша, што значи дека православието имало големо влијание на оваа одлука.
Извор: stil.kurir.rs