Денес е едно од најпопуларните ТВ лица кај нас: Која е водителката на фотката?
Слободно може да се каже дека е едно од најпопуларните ТВ лица во нашата држава...
Оваа водителка може да ја најдете на една од телевизиите. Со нејзината насмевка и мил глас на многумина им започнува денот, а дека е омилена помеѓу гледачите, говори и фактот што сите имаат само пофални зборови за неа.
Сега веќе претпоставувате за кој станува збор - на фотографијата е водителката Милена Антовска, која долги години е дел од утринската програма на Канал 5 телевизија.
Она што е интересно и што можеме да го заклучиме од оваа фотографија од детството на водителката е дека нејзината ќеркичка Лана Марија навистина личи на неа.
„Во принцип не сум многу променета од тинејџерските денови. Се’ уште сум ведра, насмеана, комуникативна, дружељубива. Сега сум малку посталожена, што е нормално заради мајчинството, но како и да е детето во мене живее.“ - во една прилика за Хаштаг откри Милена.