Денес вистинска заводничка, некогаш слатко русокосо девојче: Антониа Гиговска сподели фотка од детството
Редовно споделува фотки и видеа од приватниот живот...
Иако љубовната врска реши да ја чува само за себе, кога е останатиот дел од приватниот живот во прашање, младата пејачка Антониа Гиговска редовно споделува разни детали. Фотки и видеа од семејните патувања, од авантурите со нејзиниот постар брат Дарко, а последната во низата такви објави беше фотка од нејзиното најрано детство.
Имено, Антониа покажа како изгледале како помали со нејзиниот брат и сподели симпатична фотка на која се гледа како скокаат на спална.
Во оваа прилика, малата русокоса Антониа носи маица на кратки ракави со ликот на Еминем, која на неа ѝ е како фустан.
Со оваа фотка дефинитивно ги воодушеви обожавателите, кои денес секојдневно се воодушевуваат на нејзините заводливи фотки на Инстаграм, на кои изгледа како милион долари.
фото: Принтскрин / Инстаграм