Денеска промоција на „За можење можам, но дали смеам“ од Ивце Пивце

Денеска промоција на „За можење можам, но дали смеам“ од Ивце Пивце

Објавена во: После „Школо“ // PR

Денеска во 12 часот на штандот на Просветно дело на Саемот на книгата, ќе биде промовирана книгата „За можење можам, но дали смеам“ од Ивце Пивце (Ивица Маринковиќ)

Книгата содржи десетина раскази за деца и исто толку илустрации од познатиот македонски јутјубер и илустратор Никола Димов (Nikola`s Art house).

Поговорот за книгата го напиша Киро Донев, еден од најпознатите македонски автори на приказни за деца.

Промотори на книгата ќе бидат Билјана Петрова и Весна Мораитова, педагози и долгогодишни просветни работници.

На промоцијата ќе присуствуваат деца од неколку скопски училишта, пред се Петар Поп Арсов и Кочо Рацин.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: