„Денови на литературата“ со попусти до 50 отсто, подарок книги и промотивни настани
Со попусти до 50 отсто, подарок книги и промотивни настани, од 2 до 16 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ ќе се одржи третото издание на „Денови на литературата“. Во акциската продажба за секоја сметка со книга од „Арс Ламина“ следува подарок книга.
Во акцијата се вклучени изданија од „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, Артконект“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Или-Или“, „Култура“, „Мартина“, „Нампрес“, „ПНВ Публикации“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Слово“ и „Три“.
Со намалување до 50 отсто попуст можат да се набават книгите: „Животот на нашата планета“ од Дејвид Атенборо, „Психосоматика“ од Билјана Велковска, „Раскажувачката“ од Џоди Пико, „Доктор сон“ од Стивен Кинг, „Сестрата“ и „Рандеву“ од Луиз Џенсен, „Транскрипција“ од Кејт Аткинсон, „Неописливи нешта“ од Џес Лаури, „Три желби“ од Лијан Моријарти, „Холандската куќа“ од Ен Пачет, „Мојата мрачна Ванеса“ од Кејт Елизабет Расел, „Приказна за едно семејство“ од Роза Вентрела, „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд, „Астрофизика за луѓе кои немаат време“ од Нил Деграс Тајсон и „Вистините во кои веруваме“ од Камала Д. Харис.
На 40 отсто попуст се цели сетови книги од поединечни автори, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“. Во овој попуст се вклучени комплетите, односно собраните дела од: Оливера Николова, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Димитар Солев, Живко Чинго и Ѓорѓи Абаџиев. Книгите од овие серијали, поединечно, се на попуст од 20 отсто. Цел комплет од современите светски класици на Милан Кундера, Ернест Хемингвеј, Орхан Памук исто така е на 40 отсто намалување. Поединечно секоја книга од оваа едиција може да се набави со 20 отсто намалување.
На 30% пониски цени во рамките на акцијата се насловите: „Последната од девојките Месечини“ од Барбара Дејвис, „Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос, „Не слушате кога ви зборуваат“ од Кејт Марфи, „Океј сум! Помагајте!“ од Анабел Ривкин, „Уметноста на создавање спомени“ од Мајк Викинг, „Допирот на ѕверот“ од Ина Мур, „Обвинета за неверство“ од Кејт Мичел, „Вознемирени луѓе“ од Гредрок Бакман, „Тажни мисли“ од Андерш Хансен, „Слобода А“ од Ана Голејшка Џикова и „Деца“ од Милена Марковиќ.
Со 20 отсто попуст се книгите: „Надвор од редот“ од Џордан Питерсон, „Моќта на самодовербата“ од Брајан Трејси, „Богат татко, сиромашен татко“ од Роберт Киосаки, „Далеку од Ирска“ од Вилијам Тревор, „Соборот на алхемичарите“, Синтија Масон, „Истанбул, Истанбул“ од Бурхан Сонмез, „Чаша чај со смртен грев“ од Верица Ацеска, „Кандид / Загир“ од Волтер, „Темно скенирање“ од Филип К. Дик, „Чудни цвеќиња“ од Доналд Рајан, „Писма од Милена“ од Франц Кафка, „Најдобри намери“ од Ингмар Бергман, „Фати го зајакот“ од Лана Басташиќ, „Уметницата со Кана“ од Алка Џоши, „Куклената претстава“ од М. В. Крејвен, „Коронтин“ од Саша Богдан, „Писестра“, Џенифер Донели, „Сè поради еден допир“ од Трејси Ен Ворен, „Подарок за сеќавање“ од Мелиса Хил, „Анатомија на скандалот“ од Сара Вон, „Библиотекарката од Аушвиц“ од Антонио Итурбе, „Купи си ги е*ените лилјани“ од Тара Шустер, „Симон де Бовоар: Создавање на една интелектуалка“ од Торил Муа, „Даблинци“ од Џејмс Џојс, „Безумна играчка“ од Роберт Арлт и „Подарокот“ од Едит Егер.
До 15% намалување има на книгите: „Ако го сакаш Скопје“ од Данило Коцевски, „Скопски улици“ од Васко Марковски, „Дневник 1953-1958“ и „Дневник 1959-1969“ од Витолд Гомбрович, „Век со Конески, мигови во Блаже“ од Владимир Мартиновски, „Исповедта на акушерката“ од Дијана Чејмберлен, „Книгата на изгубените имиња“ од Кристин Хармел, „Ангели и демони“ од Ден Браун. На 10 отсто попуст се сите изданија на англиски јазик.
Попустите од „Денови на литературата“ важат во сите книжарници на „Литература.мк“: во „Скопје Сити мол“, „Ист гејт мол“, ТЦ „Рамстор“, ТЦ „Буњаковец“, „Веро Центар“ и на ул. „Македонија“ во Скопје, како и во Битола (на „Широк Сокак“) и во Струмица.
Во рамките на „Денови на литературата“ ќе се одржат низа промотивни настани за книги во издание на „Арс Ламина – публикации“. На 3 февруари (петок) во 10.30 часот во „Литература суперстор“ во „Ист гејт мол“ закажана е работилница за деца со авторката на сликовницата „Жолтите чорапи“, Билјана Лотеска. Во недела (5 февруари) во 13 часот, во „Кафе Литература“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи книжевна кафе-дружба со писателката Јана Мишо, наменета за клубовите на читатели и за пошироката читателска публика. Во фокусот ќе биде последниот роман „Лулу“, во издание на „Арс Либрис“.
На 7 февруари (вторник), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ ќе бидат промовирани сликовниците „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски со илустрации на Орце Нинески и „Во полската куќичка“ од Ванчо Николески со илустрации на Љупка Стојкова. Книгите се дел од новата едиција „Љубов на прв збор“, со која се реафирмираат постари, класични дела на познати македонски писатели за деца. На настанот, кон „Коњчето од рингишпилот“ ќе се осврнат уредничката Оливера Ќорвезироска и Орце Нинески, а „Во полската куќичка“ ќе ја претстават уредничката Бисера Бендевска и графичката дизајнерка Ангела Чучкова.
Два дена подоцна (9 февруари), во „Кафе Литература“ во „Сити мол“ ќе се одржи ВИП-настан инспириран од романите на Агата Кристи. Пред гостите ќе биде претставена колекционерската едицијата со најпознатите дела од Кристи, што издавачката куќа „Арс Ламина“ ја публикува по повод стогодишнината од почетокот на творештво на Кристи. Во серијалот има 12 наслови, поделени во два сета.
Новата книга за деца „Детелинки-белинки“, која содржи 16 современи бајки од 15 македонски автори, ќе биде претставена на 12.02 (недела) во 13 часот, во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“. Изборот на бајките во оваа збирка е направен од пристигнатите материјали на конкурсот за новосоздадени бајки на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, спроведен во 2020 година.
На истата локација, на 14 февруари (вторник), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на романите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Двата ракописа влегоа во потесниот избор за книжевната награда „Пегаз“ за 2021 година. Промоторка на „Ние“ ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова, а на „Мастилна мапа“ уредничката Оливера Ќорвезироска.
Со промоцијата на новиот научно-фантастичен роман на Хари Кацановски, „Анатрос“, на 16 февруари (четврток) во 19 часот во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ ќе биде заокружена промотивната програма на „Денови на литературата“. Истиот ден во книжарницата „Литература.мк“ во Струмица ќе биде одбележана една година од отворањето.
Каталогот од акцијата „Денови на литературата“ можете да го разгледате на следниот ЛИНК.
* ПР - објава