Десетгодишно девојче се обидело да се самоубие бидејќи на училиште било малтретирано
Насилството меѓу
врсниците е се поголем проблем, а трагична приказна му се случи на едно
петчлено семејство од Вустершир, Англија.
Десетгодишното девојче Лили-Џо се обидело да се самоубие само еден ден пред нејзиниот роденден бидејќи врсниците ја малтретирале на училиште.
„Мојата ќерка се бори за живот поради насилниците“, изјави уништената мајка Џес Браун за Worcester News.
„Видов дека нешто не е во ред, седнавме и таа ми призна дека пиела апчиња. Докторот ни рече веднаш да одиме во болница. Мислев дека ќе умре. Никој не сакаше да ѝ помогне“, раскажува таа.
Несреќното девојче врсниците ја влечеле за коса, ја туркале, ја удрила главата во вратата од кабинетот, па дури и ја згазнале ногата која и била скршена.
„Мораме да најдеме ново училиште бидејќи таа се плаши да се врати назад. Ја исмејувале, ја гледале во соблекувалната и ја нарекувале дебела. Се најлошо“, рече Браун.
Девојчето се обидело да го реши проблемот на училиште и побарало помош, но никој не ја сфатил сериозно. Откако се обидела да се самоубие, нејзината мајка отишла да разговара со родителите на девојчето кое ја малтретирало, но тие само и се смееле.
„Сакав да разберат што направила нивната ќерка, но тие се смееја и ме пцуеја“, рече таа.
Освен што на Фејсбук објави фотографии од својата ќерка од болничкиот кревет како предупредување, Џес Браун снимила и осумминутно видео во кое нејзината ќерка објаснува низ што поминува.
„Ми се гади што ја малтретирале и што никој ништо не направи“, се жали таа.
Директорот на училиштето Витон за Worcester News изјави дека тие ги сфатиле наводите сериозно и веднаш презеле акција за да утврдат што се случува и зошто нивната ученичка се обидела да се самоубие.
Фото: Фејсбук
Извор: Индекс