Детето во мене го живее сонот: Јутјуберот Лазаров со вереницата ужива во снежната идила на Копаоник (ФОТО)

Детето во мене го живее сонот: Јутјуберот Лазаров со вереницата ужива во снежната идила на Копаоник (ФОТО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Јутјуберот сподели фотки и видеа од снежната авантура на Копаоник...

Македонскиот јутјубер Стефан Лазар е еден од јутјуберите кои се трудат да им понудат различна содржина на своите следбеници. Но, како и секој човек и на него му треба одмор, па така, заедно со неговата вереница Марта замина на зимски одмор на Копаоник.

Јутјуберот од таму често споделува видеа и фотографии, а со една од последните објави ги разнежни сите. Имено, тој сподели неколку фотки и видеа од снежната авантура која си ја организираа, а со описот на објавата особено ги трогна следбениците.

„Денес само се потсетив на деновите кога немав ни за автобуска карта за да стигнам барем до Маврово... детето во мене го живее сонот, секој ден, само поради вас“ - напиша Стефан.

Инаку, во едно неодамнешно интервју за Хаштаг, Стефан исто така зборуваше за периодот од животот во кој едвај скрпувале крај со крај со неговите родители.

„Сум преживеал период со моите кога буквално имало денови кога сме се крпеле за храна и кога сум морал да се откажам од многу работи. Кога си дете тоа многу поинаку го доживуваш. Во тој случај имав среќа да имам прекрасни родители кои се изборија тоа време никогаш повеќе да не го живееме со мојата сестра.“

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: