Девојчето од популарното меме порасна Еве како изгледа денес и каква приказна се крие зад виралната фотка ФОТО)
Случајно стана светски познато меме...
Нема шанси досега да го немаш видено ова меме. Девојчето кое се смешка во камера, додека зад неа гори куќа. Како настанала оваа фотографија, кој е на неа и каде е денес тоа девојче? Знаеме сѐ.
Изгледа како мал психопат и како да се рабува што куќата гори. Но, вистината е далеку од тоа. Пред некое време стана популарна фотографијата од девојчето Зои Рут, а кога настанала никој немал идеја колку вирална и светски позната ќе стане. Најсмешните мемиња настануваат случајно, па така настанало и ова. Сигурно го имаш видено, а можеби и искористено ова меме, на кое девоје се смешка, додека во позадина гори куќа. Тоа девојче има име и презиме, и денес е тинејџерка. И не, таа не ја запалила куќата и не е мало злобно суштество. Зад фотографијата постои причина.
А, ова е нејзината приказна. Фотографијата уште во 2005 година ја направил нејзиниот татко и не станува збор за вистински пожар. Девојчето не се радувало на никаква трагедија, иако изгледа така. Противпожарната служба од нивниот град имала вежби. Станувало збор за контролиран пожар за потребите на нивните вежби. Како и секој пат кога нешто необично се случува, се собираат луѓето од улицата, а така било и тогаш. Таткото, Дејв Рут, покрај себе имал фотоапарат и во еден момент сфатил дека Зои се насмеала по малку злобно и тоа му изгледала како нешто интересно, со оглед на тоа што зад неа се наоѓа куќа во пламен.
Неколку години подоцна, таткото ја испратил фотографијата на некое натпреварување за фотографии и тогаш ја споделил, по што набрзо станала вирална, а потоа се претворила во меме. Никој не го очекувал тоа! И Зои во еден момент ја искоментирала ситуацијата и кажала дека е лудо тоа што Интернетот полудел за таа фотографија и дека е вирална.
фото: Принтскрин / Инстаграм