Девојка ја објасни разликата помеѓу комбинациите кои покажуваат дека имаш и немаш стил: Луѓето ја нападнаа
Дали е во право или нејзиното мислење е малку премногу конзервативно?
Со оглед на тоа дека постојат различни модни стилови, тешко е да се одреди објективно која комбинација е направена со стил, а која е само со нафрлени модни парчиња. Сепак, оваа девојка се обиде и стана вирална - некои се воодушевени, а други налутени.
Претпоставуваме дека ги налутила оние кои се облекуваат како девојките за кои покажа дека според неа немаат стил. Видеото дефинитивно привлече внимание, во тоа нема сомнеж. За некое е полн погодок и се воодушевени, бидејќи конечно некој покажа дека поединечни комбинации не зборуваат за тоа дека личноста која ги носи има стил, а други се навредени и сметаат дека тоа што го зборува нема никаква смисла. Јасно ѝ е и на неа дека нејзините мислења се контроверзни, но дека сеедно сакала да ги каже на глас. Снимила видео во кое додала неколку комбинации за кои смета дека искомбинирани со стил и неколку кои по неа се едноставно „trashy“. Во категоријата „trashy“ ги додаде сите оние комбинации кои денес се популарни помеѓу девојките кои сакаат да покажат повеќе кожа - фустаните кои имаат повеќе отвори отколку материјал, маици со длабоко делкоте, кроп топови исечени над градите...
@lavishlana Only my controversial opinion…what do YOU think? #timelessfashion #fashionessentials #capsulewardrobe #fashiontok #parisianaesthetic #bblfashion #fyp A work of art by s_johnson_voiceovers - Stefan Johnson
Од друга страна, како комбинации кои покажуваат дека имаш стил ги покажа оние кои ја истакнуваат женственоста, но од кои градите не излегуваат, како и модерните кежуал комбинации какви што ги обожуваат модните инфлуенсерки - „оверсајз“ авиаторски јакни, тесни фармерки, мали чанти. Сите тие комбинации се позатворени и не толку провокативни.
Видеото собра скоро 9 милиони прегледи, а во коментарите настана општ хаос. Двете страни се во кофликт - оние кои се согласуваат со неа и они кои се лути, бидејќи комбинациите за кои оваа девојка кажа дека се „trashy“, според нив се показател за добар стил.
Што мисли ти, дали е во право или сепак малку претерува?