Девојка се покајала за тетоважите што ги направила на 20 години: Сега има важна порака за сите (ВИДЕО)
Некои тетоважи се одраз на лош психички период во минатото и сега не одговараат на нејзиниот стил...
Пред да се тетовирате, треба добро да размислите, бидејќи на крајот на краиштата, тоа е нешто што ќе го носите на вашата кожа до крајот на животот.
Тоа е она што би можеле да го извлечеме како порака од приказната на една ТикТокерка која признава дека на сега, како 36-годишна жена се кае за некои тетоважи кои ги направила како многу млада девојка.
Оваа исповед ја споделила на својот ТикТок профил, а досега собра повеќе од 1,8 милиони прегледи.
@saraovershares Oops I regret all my tattoos I might do another video listing all the other reasons but so far none of them involve my tattoos aging (which is what dudes used to always tell me) they just don’t match who I am now and my girly/feminine aesthetic. Will you regret your tattoos when you’re my age? Maybe! #CapCut #tattooregret #tattooregrets #feminineaesthetic #girlyaesthetic original sound - Sara
„Замислете да сте облекле една кошула во своите 20-ти и да морате да ја носите до крајот на својот живот“ - ја започна својата приказна на ТикТок, девојката која објавува видеа под корисничкото име @saraovershares.
Имено, она што го истетовирала во своите 20-ти, никако не одговара на нејзиниот стил и начин на живот 16 години подоцна. Во своите 20-ти била склона кон мрачната естетика, додека сега повеќе го сака женствениот стил и смета дека нејзините тетоважи никако не можат да се вклопат во тоа.
„Моите тетоважи се одраз на оние моменти од мојот живот во 20-тите, кога можеби не бев најдобро психички“ - вели Сара која успешно го надминала тешкиот период во животот, но затоа нејзините тетоважи останале засекогаш.
@saraovershares You’ve been asking for dumbest tattoos so here is the biggest dumb one! #tattooregret #tattooregrets #over30 #CapCut original sound - Sara
Исто така, со своите следбеници ги сподели и тетоважите кои ги смета за најсмешни.
„Засекогаш ќе имам коњ што јава кон моето меѓуножје“ - огорчено посочи таа.
На двете видеа има илјадници комнетари. Има и такви кои се согласуваат со неа и признаа дека се каат за нивните одлуки кога е тетовирањето во прашање, но имаше и такви кои посочија дека си ги обожаваат своите тетоважи.
Важно е да сте многу сигурни дека го сакате тоа што го тетовирате и секако она што ја симболизира вашата тетоважа.
фото: Принтскрин / ТикТок