Девојката на Бака Прасе отишла со него во Холандија: Поради момчето го промени животот од корен-еве како живеат сега
Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, ја напушти Србија по смртта на неговата колешка Кристина Кике Ѓукиќ.
Тој кажа дека моментално живее со родителите во Амстердам, а придружуван е и неговата девојка Ања Благојевиќ, попозната како Ања Бла.
Бака на својот Инстаграм профил сподели фотографии од Амстердам на кои позира со неа. Двајцата на фотографиите се насмеани и прегрнати.
Инаку, Ања е и инфлуенсер, иако веќе некое време не се огласува на социјалните мрежи. Таа денеска ја сподели фотографијата која ја објави нејзиното момче, а претходно ја објави последната фотографија пред седум дена, додека видеото го немаше на нејзиниот канал на Јутјуб цели 2 недели.
По повод преселбата во Холандија, Богдан се огласи и на својот канал на Јутјуб каде кажа зошто го направил тоа.
- Ја напуштив Србија, најверојатно трајно. Едноставно не можев да се справам со притисокот. Се преселив во Амстердам. Моментално сум во стан со мајка ми и тато. Продадов Ферари, купив стан во Амстердам. Додека ми се уредува станот овде, живеам со мама и тато - рече Бака и додаде:
- Не можев повеќе да се справам. Каде и да одам луѓето ме гледаат, кој знае што, кој мисли поради се што се случи. На луѓето не им е гајле дали јас сум виновен или не за ништо, тие само сакаат да ме нападнат и обвинат. Не знам што ќе се случи понатаму. Немам план. Не знам дали ќе снимам за YouTube. Веќе не сакам да снимам, морам да почнам да се занимавам со некоја обична работа и да заработам овде, бидејќи живеењето овде е скапо. Нема да снимам за Јутјуб бидејќи ми одзема многу време, бидејќи ништо не заработувам затоа што веќе немам спонзори, немам заработка или монетизација, се ми е откажано - изјави Богдан Илиќ во своето видео на Јутјуб.Да потсетиме, Бака Прасе неодамна со солзи во очите ја раскажа својата страна од приказната и призна дека кога му кажале дека Кика се самоубила, мислел дека е виновен поради провокациите што ги направил против неа во 2019 година.
Како што тврди тој раскинал со Кикa во пријателска врска и таа му простила се.
foto: INSTAGRAM