Дино паркот преполн со посетители: Сите сакаат да видат како изгледале диносаурусите

Дино паркот преполн со посетители: Сите сакаат да видат како изгледале диносаурусите

Објавена во: Живот // Живот

Во светот постојат многу паркови кои создаваат реална слика на она што се случувало во праисторијата. Секако, најинтересни од тоа време се диносаурусите. Сега можеме да ги видиме во скоро вистинска големина и како изгледале и кај нас.

Атрактивните содржини, убавото време и евтиниот билет од само 50 денари ги привлече скопјани да го преполнат Дино паркот на првиот ден од неговото отворање денеска, откако синоќа беше пуштен во употреба на настан од затворен тип.

„Искрено не очекувавме волкава посетеност, се пазиме и совесни се посетителите, се чека во редица, се држи дистанца колку што е можно, сите горе-доле носат маски, преголема е посетеноста за прв ден“, искоментира Ѓорѓи Галетановски, директорот на Скопската зоолошка градина, во чиј состав е и овој парк.

Реквизитите во форма на диносауруси имаат звучни и возуелни ефекти, а паркот е на површина од 2.000 квадратни метри.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: