ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Време е за нови работи

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Време е за нови работи

ОВЕН

Бидете подготвени за убавите времиња кои доаѓаат. Партнерот деновиве е дезориентиран и тешко се вклопува во вашите планови. Иако тешко му оди да се фокусира на одредени работи, сепак, покажува доза на ароганција.

БИК

Многу сте избирливи и не се задоволувате со нешто мало. Имате голема самодоверба, и денес нема да прифаќате никакви совети, без разлика дали сметате дека се добри или не. Бидете внимателни со пријателите. Може да се случи некој од нив да ве изманипулира. Партнерот е обземен со работа и не ви посветува доволно внимание. За среќа, вие умеете и сами да си угодите занимавајќи се со некое хоби.

БЛИЗНАЦИ

Се чувствувате како да сте во стапица, и сè она што сте го испланирале, стои во место. Имате проблем и со комуникацијата. Ова не е време за почнување нови работи. Ако е можно, одложете ги работите за десетина дена и бидете трпеливи. Оваа состојба е привремена и нема да има големо влијание врз вашите резултати. Партнерските односи ви се променливи и не знаете како да се однесувате кон критиките на партнерот.

РАК

Ќе имате чувство дека сè стои во место и ништо не можете да придвижите, иако вложувате голем напор. Денес е можна помош од место од кое најмалку очекувате да ја добиете. Партнерот се наоѓа во опуштена фаза но, како и секогаш, му треба многу време за размислување, пред да донесе некоја одлука. Обидете се да го прифатите таков каков што е.

ЛАВ

Денес ќе чувствувате внатрешен мир кој многу ќе ви помогне да донесете вистинско решение. Послушајте ја интуицијата и одговорете позитивно на предлогот од еден ваш пријател. Партнерот е оптоварен со работа, и таа негова ангажираност го прави нервозен. Од вас зависи дали работите ќе се одвиваат во поволен правец или не.

ДЕВИЦА

Во овој период, што и да правите, нема да наиде на добар одѕив. Партнерските односи ви се паднати во ќор-сокак, и ќе ви треба многу голем напор за да ја санирате ситуацијата. Не префрлајте ја вината само на другата страна.


Следна страна

Можеби ќе ве интересира: