ДОАЃА НОВА ПРАТКА: Чии вакцини денес стигаат во Македонија
Во земјава денеска ќе пристигнат 100 000 вакцини , како донација од Кина.
Според најавите , вакцините ќе бидат предадени во скопската поликлиника Јане Сандански лично од кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕу.
Набавката , наводно ја договорила министерката за одбрана Шекеринска кога беше во посета на таа земја.
Минатиот месец кај нас беа испорачани 200 000 вакцини од овој производител кои ги набави Владата.