Доби дозвола да сподели селфи со синот: Дани Димитровска откри дека зборот на Лазар е последен (ФОТО)
На среќата ѝ нема крај...
Пејачката Дани Димитровска е една од оние познати личности, која приватниот живот вешто го крие со години. Сакајќи да ги заштити своите најблиски членови на семејството од љубопитните погледи на јавноста, таа многу ретко споделува заеднички моменти со нив.
Но, и кога во ретките ситуација ќе посака да објави фотографија со својот син, најпрво мора да добие одобрение. Тоа го потврди и самата пејачка во описот на последната фотографија, која ја сподели со својот син.
„Јас: Може оваа слика да ја ставам на инстаграм?
Лазе: Да
Јас: Фала, мајкин.
Лазе: Ништо бе мамо, уживај
И така, чудни некои времиња…“
Инаку, слефито на кое позираат Дани и Лазар е направено во Холандија, местото каде што нејзиниот наследник моментално е на студии. Со оглед на тоа што тој не се враќа во Македонија толку често, пејачката секоја прилика ја користи за да оди да го посети.
фото: Принтскрин / Инстаграм