Добиле бебе, па го запоставиле кучето: Стана најтажниот француски булдог на светот (ВИДЕО)
Додека го гледал својот газда како го мази новороденчето, направил фаца која го крши срцето...
За следното видео можеме да кажеме дека е подеднакво смешно и тажно.
Главен актер во видеото е француски булдог, кој изгледа како целиот свет да му се срушил на глава. Имено, неговите сопственици добиле бебе, па целото внимание повеќе не е насочено кон него.
Додека го гледал својот газда како го мази новороденчето, ја направил најтажната фаца на светот. Кој знае каков филм се одвивал во неговата глава и какви мисли му се мотале.
Меѓутоа, ние сме апсолутно сигурни дека сопствениците воопшто не го запоставиле и дека тој добил нов пријател кој ќе го обожава.
фото: Принтскрин / ТикТок