Дојде од училиште со кашлица, почина следниот ден: Таткото на малата Хана која ненадејно почина, раскажа шокантни детали!
Седумгодишната Хана Роп, од Пенарт, Велика Британија, почина од инвазивна стрептококна болест од групата А (iGAS) или стрептокока А. Нејзиниот татко Хасан (37) рече дека Хана секогаш била насмеана.
„Ние сме скршени, не знаеме што да правиме“, рече таткото.
По смртта на Хана, беше спроведен преглед од повеќе агенции. Низ Велика Британија, шест деца починаа од инвазивна форма на бактериска инфекција „Strep А“ во последните месеци, пишува Би-Би-Си.
Ваквите инфекции се обично благи, предизвикувајќи болести кои се движат од болки во грлото до шарлах, но може да се развијат во посериозна инвазивна стрептококна инфекција од групата А (iGAS).
Хасан рече дека неговото семејство е „трауматизирано и очајно“. Тој рече дека неговата ќерка се вратила од училиште во четвртокот, 24 ноември со блага кашлица. Меѓутоа, до вечерта нејзината кашлица се влошила.
Додека таа се борела да спие, тој ѝ дал антихистамин и инхалатор со надеж дека ќе се чувствува подобро ако „заспие.“ Меѓутоа, кога семејството се разбудило, состојбата на Хана не се подобрила, па татко ѝ ја однел на лекар, кој ѝ дал рецепт за стероиди.
Околу 20 часот тој ден Хасан отишол на работа кога му се јавила сопругата Салах и му рекла дека Хана престанала да се мрда
Веднаш истрчал дома и повикал полиција.
„Почнав со оживување на креветот, но не можев да ја вратам“, раскажал таткото гледајќи во празниот кревет на својата ќерка.
Половина час по пристигнувањето на брзата помош, на Хана ѝ била констатирана смрт. „Ги немам сите информации на располагање, па не можам да судам. Се надевам дека сè е соодветно истражено и проверено“, рече тој.
Тој рече дека сака да биде уверен дека сè е направено како што треба.
„Ако тоа е вистина, тогаш не можам никого да обвинам“, рекол таткото.
Заедницата во Пенарт се собра за да ја покаже својата поддршка за семејството. Наставничката од основното училиште Викторија, каде што учела Хана, го посети семејството.
Хана беше погребана во петокот, а на погребот присуствуваа голем број луѓе, што според зборовите на нејзиниот татко покажува колку била сакана неговата ќерка.
По смртта, ќе се спроведе процедурален преглед на неочекуваната смрт.
Јавното здравство Велс испрати писмо до училиштата и градинките во Велс за да ја подигне свеста за симптомите и потенцијалните компликации на шарлах по порастот на случаите на шарлах во Велика Британија.
Испратено е предупредување и до општите лекари, педијатрите и одделенијата за итни случаи да го известат јавното здравство за сите нови случаи.
Извор: ekskluziva.ba