Доколку има некој што не може да си плати шминка, јас ќе ве нашминкам: Прилепчанката Ксенија воодушеви со хуман гест за матурантките

Доколку има некој што не може да си плати шминка, јас ќе ве нашминкам: Прилепчанката Ксенија воодушеви со хуман гест за матурантките

Објавена во: Мода // Moj стил

Познатата инфлуенсерка од Прилеп, Ксенија Деспотоска воодушеви со својот хуман потег за сите матурантки и полуматурантки од Прилеп кои немаат доволно финансии за да си платат шминка за матура или полуматура.

Имено, Ксенија одговараше на Q&A на нејзиниот Инстаграм профил, кога ја прашаа за предлог шминка за матура, а таа дојде на супер хумана идеја и, со оглед на тоа што добро знае да шминка, ги повика сите девојки кои не можат да си дозволат да си платат, да ѝ пишат нејзе и таа ќе ги нашминка.

- Воопшто да не се срамите да ми пишете, никаде нема да објавам - потенцираше Ксенија. 

Секоја чест!

Таа покажа и како изгледала за нејзината матура.

Својата хумана страна деновиве ја покажа и Сузана Гавазова која ја поддржа акцијата „Подари, израдувај некого“ на СОУ „Никола Карев“ од Струмица (ФОТО). Сузана донирала неколку од своите фустани кои ги носи настапите, а со тоа ќе овозможи да се израдуваат неколку ученички од училиштето.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: