Долго ја немавме видено: Прва фотка од Атина Тошиќ откако се повлече од социјалните мрежи
Ќерката на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ беше многу активна на социјалните мрежи, но пред неколку месеци одлучи да се повлече од „Инстаграм“.
„Атина е мој мал клон, но е многу срамежлива. Дури и сите фотографии од „Инстаграм“ ги избриша, во таа фаза е“ - неодамна кажа Јелена Карлеуша.
Конечно, фотографија од Атина повторно се појави во јавноста благодарение нанејзината мајка. Откако во Дубаи одржа настап во најголемиот пловечки клуб на светот, Јелена на „Инстаграм“ сподели фотографии со ќерките, додека биле во посета на еден од тамошните трговски центри.
Трите дами предизвикаа воодушевување, па Мира Шкориќ им порача дека се убавици, а Ела Дворник дека се легенди.