Домашните задачи ѝ биле слаба страна, а модата професија: Камерон Диаз како тинејџерка
Романтичните комедии се нејзин заштитен знак и не постои девојка, па дури ни момче кое не изгледало барем еден филм со познатата актерка. Сигурно веќе претпоставувате дека станува збор за Камерон Диаз, актерката која во исто време може да не насмее, но и расплаче во филмски остварувања во кои се појавува.
Таа неодамна во поткастот за здравје на нејзината колешка Гвинет Полтроу откри дека го „пронашла мирот во душата“, откако се откажала од холивудската актерска кариера.
Но, знаете ли дека во светот на познатите, Камерон не влегла како актерка? Имено, и покрај бројните улоги кои ја направија мега популарна, Камерон Диаз како тинејџерка била млада надеж во модната индустрија. Таа манекенската кариера ја започнала на 16 година.
Кога се тинејџерските години во прашање, таа исто така ретко пишувала домашни на училиште, што на крајот кога преминала во следното одделение била шокирана. Земајќи ја нејзината убавина во прашање сигурно мислите дека истата таа влијаела на нејзиниот премин од едно одделение во друго, но тоа не било така. Виновници за тоа биле добрите срца на наставниците.